Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, во вторникот најави нов лет од Охрид до Лондон. Новата услуга до Лондон Лутон ќе стартува на 14-ти јуни со 2 нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во среда и недела. Цените ќе се движат од 1,499 денари. Wizz Air во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус - Фрајбург. Со новата услуга Охрид - Лондон Лутон, Wizz Air во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од 2 македонски аеродроми, Скопје и Охрид.
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, во вторникот најави нов лет од Охрид до Лондон.
Новата услуга до Лондон Лутон ќе стартува на 14-ти јуни со 2 нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во среда и недела. Цените ќе се движат од 1,499 денари.
Wizz Air во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус - Фрајбург. Со новата услуга Охрид - Лондон Лутон, Wizz Air во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од 2 македонски аеродроми, Скопје и Охрид.
"Денеска на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денес додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија," изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на Wizz Air.
"Ние сме многу горди на нашиот регион и наследство. Охрид е еден од најпопуларните туристички дестинации во Македонија и благодарение на новата директна рута на Wizz Air, ние со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на многу посетители од Велика Британија во нашиот прекрасен регион“, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.